18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМлекара Здравје Радово со нова промоција на Здравје +

Млекара Здравје Радово со нова промоција на Здравје +

baa

Викендов во Скопје, во хотелот Александар Палас, по втор пат се оддржа најголемиот интерактивен настан посветен на здравиот животен стил.

И оваа година посетителите на саемот се информираа за најновите типови на програми за вежбање, дегустираа и консумираа здрава и органска храна, испробуваа голем број на спротски и фитнес справи и добиваа совети од врвни специјалисти како со исхрана и вежбање со подобро здравје.

bbb

Функционалниот јогурт Здравје +, на Млекара Здравје Радово оваа година со специјализиран штанд на саемот, вршеше активна дегустација и вршеше презентација на начинот на производство и квалитативните вредности во функционалниот јогурт.

Виталност, енергија и хармонија беа трите столба на кои што работеа технолозите на Млекара Здравје Радово при создавањето на овој производ кој е наменет за сите оние кои внимаваат на себе и на своето здравје.

baa

За деновите кога виталноста значи се, кога е потребна енергија плус, и кога хармонијата е движечка сила која носи здравје, функционалниот  јогурт Здравје + го раздвижува дигестивниот систем, создавајќи рамнотежа во организмот на  консументите.

Во текот на саемот се подготвуваа и разни комбинации од овошје, житарки и функционален јогурт кои се препорачуваа како идеален и здрав оброк.

bcc

Посетителите покрај во советите и дегустациите се забавуваа низ интересни игри каде што освојуваа подароци од Млекара Здравје Радово, а имаа прилика да се дружат и со дуото ДНК кои беа специјални гости на штандот на Здравје +

bdd

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП