19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИлон Маск претстави план како да се пренесат голем број луѓе на...

Илон Маск претстави план како да се пренесат голем број луѓе на Марс(видео)

elon

Сопственикот на компанијата „SpaceX“, Илон Рив Маск го претстави својот план за приватни мисии на Марс со коишто во крајна листа голем број луѓе би се населиле во некои идни колонии на Црвената планета, бидејќи Земјаните, доколку сакаат да опстанат, мора да станата мултипланетарни суштества.

Илон Макс на Меѓународната астронаутска конференција во мексиканскиот град Гвадалахара зборуваше за плановите за покренување проект за „самоодржлива“ експедиција на Марс со милиони „марсонаути“.

„Денес мисијата на Марс и животот на Црвената планета ни се чини невозможна, но треба да сториме сé оваа мечта да стане реалност за време на нашите животи. Секој човек кој сака да оди на Марс, мора да ја имаа таквата можност. Не сакам да бидам “лош пророк на својата татковина’, но во иднината на Земјата, веројатно, ќе доживее катастрофа и ние ќе изумреме. Алтернатива на тоа е човештвото да стане ‘вселенски’, вид“, рече Маск.

Можностите на човекот да живее на многу планети, како што појасни овој американски претприемач и филантроп, не се бројни. Претставувајќи го во вторникот својот проект, Илон Маск рече дека планира, користејќи се со постојните технологии, да ги намали трошоците за транспорт на Земјаните на Марс со од 10 милијарди долари на 200.000 долари, што е цена на просечна куќа во САД.

„Не можете да создадете самоодржлива цивилизација на Марс доколку билетот за патување чини 10 милијарди долари“, објасни овој милијардер, инженер и изумувач.

Неговата компанија „SpaceX“ е една од двете приватни компании кои американската агенција за вселенски истражувања NASA ги ангажираше како превозници за доставување опрема на Меѓународната вселенска станица (ISS), а превозот го врши со капсулата „Dragon, за повеќекратна употреба која ја лансира со ракетите „Falcon 9“.

Долгорочниот опстанок на човештвото бара „да станеме повеќепланетарен вид“, рече Макс објаснувајќи дека треба да се започне со планетите од Сончевиот систем, а еден ден да се тргне и подалеку во Вселената. „Во крајна линија, историјата зборува дека еден ден ќе се случи Судниот ден“, предупреди Маск.

Марс е најдобар за човечките колонии, а самоодржлив град од околу милиони луѓе на таа планета би можело да биде изграден за 40 до 100 години, проценува инженерот.

Меѓутоа, главниот предмет на проектот на Маск е токму како да се превезат толку многу луѓе до Марс. Појасни дека тоа планира да го прави со вселенско летало кое може повеќекратно да се користи и да превезе најмалку 100 луѓе одеднаш до Црвената планета, а како гориво ќе користи јаглерод диоксид и вода кои ги има на Марс/

Маск, кој воедно е и сопственик на компанијата „Tesla Motors“, специјализирана за производство на електрични автомобили, е соосчновач и на компанијата „ PayPal“ за плаќања преку интернет, како и на компанијата „Solar City“ за производство на соларни панели, изјави дека низ вложувањат продолжува да издвојува сопствени пари за проектот Марс за „да го даде својот најголем придонес за мултипланетарниот живот“.

Со ракетата „Falcon 9 SpaceX“ имаше неодамна проблеми при приземјувањето на платформата која плута на океанот, но ракетата беше двапати успешно приземјена на почва. Ракетата експлодираше на 1-ви септември при лансирањето од близина на Кејп Канаверал на Флорида.

Компанијата „SpaceX“ Маск ја основаше со специфична цел да се колонизира Марс, четвртата планета од Сонцето и по Венера втората најблиска од Земјата. Оддалеченоста меѓу Земјата и Марс би изнесувала најмалку 54,6 милиони километри, а приземјувањето на луѓето на планетата по пат кој би траел меѓу шест и девет месеци, е крајно амбициозна цел, забележуваат стручњаците.

Од „SapceX“ планираат патување на вршат на секои 26 месеци кога Земјата и Марс се во најповолна положба за лет, а Маск очекува првите луѓе да ги спушти на Марс во 2024 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП