29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJeep го откри новиот Compass (фото)

Jeep го откри новиот Compass (фото)

compas s 00

„Jeep“ конечно покажа официјални фотографии на новиот компактен кросовер „Compass“, кој ќе треба да замени не еден, туку два автомобили на марката – претходната генерација на „Compass“, како и „Patriot“ кој е понуден на некои пазари и како „Liberty“.

Верзијата на автомобилот за Северна Америка ќе биде официјално претставена на саемот во Лос Анџелес во ноември, додека европската модификација ќе ја видиме уште оваа недела на саемот во Париз. Главните конкуренти на моделот ќе биде „Nissan Qashqai“, „Kia Sportage“ и „Mazda CX-5“.

compas s 01

На изглед новиот „Compass“ личи на мала верзија на „Grand Cherokee“. Димензиите на кросоверот се должина од 4420 мм, ширина од 1820 мм и висина од 1650 мм. Растојанието помеѓу двете оски достигнува 2640 мм. Така моделот го исполнува местото меѓу „Renegade“ (должина од 4230 мм) и „Cherokee“ (4620 мм).

compas s 02

Машината е изградена на продолжена верзија на платформата „Small Wide“ користена за „Jeep Renegade“ и „Fiat 500X“. Во палетата мотори ќе бидат вклучени бензински и дизел мотори на Алијансата „Fiat Chrysler Automobiles“ (FCA) кои ќе се комбинираат со 6-брзински мануелен или 9-брзински автоматски менувачи. По најмоќните верзии ќе бидат со систем за погон на сите четири тркала, а послабите со преден погон.

compas s 03

Според непотврдените податоци за кросоверот се предвидува 1,4-литарски бензински мотор „MutiAir Turbo“ со 160 КС и 250 Нм вртежен момент. Модификација со 2,4-литарски мотор „Tigershark“ ќе добие 184 КС и 236 Нм. Ќе има и варијанта со нов 2.0-литарски бензински турбо-мотор, како и дизел со 2,2-литарски агрегат.

compas s 04

Во прво време новиот „Compass“ ќе добие 3 верзии – „Sport“, „Longitude“ и „Limited“. Подоцна ќе излезе и модификацијата „Trailhawk“ со подобрени теренски квалитети. Таа ќе се разликува од стандардниот модел и дополнителните елементи на каросеријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП