19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ го предупредува светот: Се ближи опасен циклус

ММФ го предупредува светот: Се ближи опасен циклус

214064380257eb8178c54db368427770_w640

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди денес дека централните банки ширум светот имаат проблеми во борбата против дефлаторните сили и дека владите мораат да им помогнат за тие да успеат во тоа.

Во новата проценка за глобалните економски услови, ММФ наведува дека многу земји во светот се борат со дефлацијата поради слабиот раст на глобалната економија, пренесува агенцијата Франс прес.

Како што се додава во извештајот, дефлаторните притисоци во повеќето земји се од екстерен карактер и доаѓаат во форма на опаѓачки цени како на сировините, така и на произведените добра.

„Ниската инфлација ја тестира способноста на централните банки да ја користат монетарната политика за поттикнување на побарувачката, бидејќи каматните стапки се веќе многу ниски, што им дава малку простор за понатамошно намалување на каматите.“, забележува Фондот.

Тоа беше случај со американската ФЕД, Европската централна банка и централната банка на Јапонија, при што последните две веќе намалија некои камати во негативна територија, заклучува Фондот.

„Тврдоглавата дефлација на крајот може да доведе до скапи дефлаторни циклуси, како што тоа беше случај во Јапонија, кога слабата побарувачка и дефлацијата се потикнуваат еднa со другa, и кога се се завршува со растење на товарот на долгот и загрозување на економските активности и отворањето на работни места“, наведува ММФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП