Ракометарите на Металург освија бод во петтиот меч сезонава во СЕХА лигата, откако во вторникот против Нексе во Скопје одиграа 25-25. За двете екипи ова е прво реми во регионалната лига.
Металург покажа карактер, успеа да се извлече од бездната во која падна во второто полувреме и на крајот играчите на Червар имаа и шут за победа. Сепка по се она што се случуваше во СЦ „Борис Трајковски“ нерешениот резултат е најреален исход за овој натпревар.
Металург тешко играше од самиот почеток, Нексе ја контролираше играта имаше предност, а во 40-та минута и максимални шест гола позитива (12-18).
Играчите на Черва последнатат третина од мечот ја одиграа на високо ниво, започнаа да ја топат преноста на противникот, а серијата од 4-0 направена во периодот од 52-та до 57-та минута ги врати работите на почеток (23-23).
До крајот Шпилер постигна два гола за Нексе, вториот во последнатат минута за 25-25, а Велкоски погоди за Металург за 24-24, а Талески за минимална предност 25-24.
Последниот напад го имаше Металург но Нелоски не успеа да погоди за триумф на екипата од Автокоманда.
Драгаш со осум и Марчец со пет гола беа најефикасни во редовите на Металург.