28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШирле спаси бод на Вестфален (видео)

Ширле спаси бод на Вестфален (видео)

Image (1)

Без победник заврши првата од трите германско-шански пресметки кои се дел од второто коло во Лигата на шампионите. Борусија и Реал, во Дотмунд, одиграа 2-2. Победи на мечевите кои се играа во вторникот забележаа: Тотенхем, Спортинг, Копенхаген, Лестер, Севилја и Јувентус.

Борусија го имаше поседот на топка, упати повеќе удари кон противничкиот гол, створи повеќе шанси за гол, а на крајот успеа да освои бод против Реал.

Роналдо го постигна првиот гол на мечот, а израмни Обамејанг во финишот на првиот дел, по лошата интервенција на Навас. Варан во вториот дел му донесе нова предност на европскиот првак, а Ширле на три минути до крајот со извореден удар ги постави конечните 2-2.

Борусија ја прекина серијата од четири натпревари на кои забележуваше победи, додека Реал е во серија од три нерешени резултати.

Во оваа Ф група, Спортинг, во Лисабон, очекувано славеше против Легија. Брајн Руиз и Бас Дост во првото полувреме ги постигнаа головите за Спортинг.

Тотенхем во Е групата со голот на Сон минамилано победи во Москва кај ЦСКА и ги освои првите бодови во ЛШ, додека Монако и Леверкузен ремизираа. Германскиот тим водеше со голот на Чичарито Ернандез, а израмни Камил Глик со евро-гол во 94-та минута.

Лестер е лидер во Г групата со максимални шест бода. Англискиот шампион славеше против Порто со голот на Слимани. Во вториот меч во оваа група Копенхаген го декласира Бриж со 4-0.

Јувентус во Загреб ја оправда фаворитската улога и лесно го победи Динамо. Пјаниќ и Игуаин постигнаа голови во првиот дел, потоа Дибала од 30 метри го совлада Сампер за 3-0, а конечните 4-0 ги постави голманот на Динамо кој си постигна авто гол.

Севилја во вториот меч во групата го победи Лион 1-0, а стрелец на голот беше Бен-Јадар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП