18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕРодено е првото дете од тројца родители

Родено е првото дете од тројца родители

бебе3

Родено е првото дете со тројца родители благодарејќи на техниката на оплодување што овозможува подобрување на генетскиот код за детето да не наследи дефектнa митохондрија, објави магазинот New Scientist.

Петмесечното дете ја носи вообичаената ДНК на своите родители – мајка и татко, како и делче од генетскиот код на донаторот.

Американските доктори презеле досега не виден чекор за да осигураат детето да не го наследи дефектната митохондрија од својата мајка.

Стручњаците истакнуваат дека со овој потфат се отвора нов период во медицината и дека од сега ќе може да им се помогне на другите семејства со дефектни митохондрии, но предупредуваат дека се потребни строги проверки на оваа нова, контроверзна технологија, наречена митохондриска донација.

Митохондриите се ситни структури во цитоплазмата на речиси секоја клетка на живите организми, тие се генератори на енергијата и топлината што се создава во биохемиските процеси.

Некои жени носат гени со дефектни митохондрии и тоа можат да го пренесат на своите деца.

Научниците разработиле повеќе начини како да го решат тој проблем.

Американскиот тим што патуваше во Мексико за да ја изведе постапката, бидејќи во таа земја нема закон што би го забранил тоа, го користела методот што ја поправа митохондријата во јајце клетката на мајката пред да се изведе ин витро оплодување со татковата сперма.

Така ја зеле јајце клетката со оштетена митохондрија и јајце клетката на донаторката со здрава митохондрија. Повеќето генетски материјал бил отстранет од обете јајце клетки. Во следната фаза мајчиниот генетски материјал бил всаден во јајце клетката на донаторката, која потоа може да биде оплодено со спермата на таткото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП