20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕРелаксирање на вистинскиот начин во High Season Pool Villa & Spa (фото)

Релаксирање на вистинскиот начин во High Season Pool Villa & Spa (фото)

таи1

Ако и припаѓате на групата луѓе кои повторно сакаат да побегнат од гужвата и да уживаат во мирот и тишина на плажа, ја имаме вистинската понуда за вас…

Посетата на „High Season Pool Villa & Spa“ може да биде најдобрата идеја која сте ја добиле во последно време, а сигурни сме дека тешко ќе го одбиете овој предлог, особено кога ќе ги погледнете сликите. Тајландскиот залив го разубавува опкружувањето на ова одморалиште и вашето искуство, заедно со беспрекорната Khlong Chao плажа. Ова одморалиште ви нуди 42 приватни вили со базен, а ако ги посетите, ќе доживеете неверојатно искуство и ќе имате прекрасни спомени.

Овие ексклузивни вили се декорирани со смирувачки нијанси на бела боја, со прекрасни дрвени подови, со акцент на некои детали и сите модерни погодности кои ви се неопходни.

Можете да уживате и во спа центарот со употребата на природни и органски производи. Тука доколку сакате спа центарот можете да го доведете и во вашата соба, односно третманите да ги уживате каде сакате.

Тука е и Beach Front ресторанот на овој хотел кој ќе ви понуди прекрасни специјалитети. Исто така и Thai ресторанот во кој можете да ги вкусите јадењата од тајландската кујна. Веруваме дека доколку имате сеуште слободни денови, ќе ги искористите за да го посетите ова прекрасно место.

таи2

таи3

таи4

таи5

таи6

таи7

таи8

таи9

таи10

таи11

таи12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП