20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГрафик на денот: Најпосакуваните карактеристики кај смартфоните

График на денот: Најпосакуваните карактеристики кај смартфоните

leee9

Иако често компаниите производители на смартфони се фокусираат на квалитетот на камерата во новите модели, неодамнешната студија на „YouGov“ покажува дека корисниците на мобилни телефони сакаат најмногу нешто многу обично и практично, коментира „Statista“.

Подолг живот на батеријата е карактеристиката која повеќето луѓе сакаат нивниот телефон да ја има. Само 12% од испитаниците одговориле дека најважна за нив е камерата со најдобар можен квалитет, додека за 46% од нив најважната карактеристика е токму најдолгиот живот на батеријата.

Денешниот график ги презентира резултатите од истражувањето според полот и открива некои клучни разлики во приоритетите.

Мажите во анкетата (во сино) сакаат долготрајна батерија, додека жените (жолто) ја поставуваат водоотпорност на повисока позиција во споредба со мажите.

Ужасот да откриеш пукнатина на екранот очигледно е подеднакво силен кај мажите и жените. Токму затоа втората најпосакувана карактеристика е отпорност на удари и гребнатини на екранот со 21% од жените и 20% од мажите.

leee10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП