29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDisney, Microsoft, Facebook - кој ќе го купи Twitter?

Disney, Microsoft, Facebook – кој ќе го купи Twitter?

pticica 350505

Неколку големи американски компании веќе покажале интерес за купување на „Twitter“, тврдат извори запознаени со ова прашање.

Доцна во понеделникот „Bloomberg“ објави дека „Walt Disney“ работи со финансиски советник за давање на потенцијална понуда за стекнување на „Twitter“, тврдат извори, цитирани од агенциите. Откако раководството на оваа друштвена мрежа дознало дека има интерес кон преговори за слична зделка, во „Twitter“ почнале да размислуваат за потенцијална продажба.

„Salesforce.com“ исто така, планира да упати понуда и работи со „Bank of America“ за тоа, тврдат извори кои посакале анонимност.

Претставниците на „Twitter“ и „Disney“ не одговориле на барањата за коментар.

Шпекулациите дека „Twitter“ наскоро ќе биде продаден, се појавија во последните месеци. Во минатата недела стана јасно дека „Salesforce.com“ има сериозен интерес.

Сето ова се случува во момент во кој вредноста на акциите на „Twitter“ опаѓа, бидејќи компанијата се соочува со проблеми во привлекувањето на нови корисници и на приходите од реклами.

„Disney“, која е сопственик на „Disney ABC“ и „ESPN“, може да создаде нов онлајн простор за забава, спорт и вести. Џек Дорси, главниот извршен директор на „Twitter“, е член на бордот на директори на „Disney“.

Акциите на „Twitter“ ја зголемија вредноста за 2,1% до 23,09 долари за акција, откако претходно во текот на трговијата се најдоа на црвена територија. На 23-ти септември нивната цена скокна за 21% по појавата на гласините за интересот на „Salesforce“. Акциите на „Disney“ пак забележаа пад за 2% до 91,40 долари.

Истовремено „CNBC“ се повикува на извор, според кој „Twitter“ го привлекла вниманието и на „Microsoft“ и технолошкиот гигант исто така може да упати понуда за стекнување на социјалната мрежа.

„Twitter“ се насочува повеќе кон продажба, дополнуваат извори запознаени со ситуацијата. Се уште не е јасно дали формален процес е управувањето.

Други извори велат дека е малку веројатно „Facebook“ да пројави интерес кон стекнување на платформата за микроблогирање. Се очекува во следните денови да има повеќе вести околу потенцијалниот договор, а самиот тој, ако има такво, да се случи во рамките на следните 20 до 45 дена.

„Facebook“ и „Microsoft“ одбиле да коментираат на оваа тема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП