Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

GRNT 669.96 -1.35%    KMB 2,501.78 -0.54%    LOZP 2,100.00 0%    MPT 27,011.39 -2.66%    RZUS 94.96 3.22%    STB 901.26 -0.96%    STBP 720.00 -0.28%    TEL 260.00 -1.74%    TKVS 2,085.00 2.96%    USJE 23,000.00 0%    

Диета без гладување: Вклучете 3 јаболки во вашето мени

Време: 15:49

Датум: септември 26, 2016

Категорија: ДИЕТИ

208691856557e52d782f373595345889_w640

Ова овошје треба да се јаде секој ден пред да појадувате, ручате, вечерате…

Јадењето на едно јаболко во денот помага да останете здрави, а три можат да ви помогнат да ги изгубите вишокот килограми. Со држењето диета со јаболка, секоја недела, вашето тело ќе биде полесно за по еден килограм. Диетата ја осмислила американската нутриционистка Тами Флин и таа подразбира пред појадок, ручек и вечера, да изедете по едно јаболко.

На овој начин ќе го зголемите чувството на ситост и за време на оброкот во организмот ќе внесете помала количина на храна. Јаболката се богати со диетални влакна кои поволно влијаат врз дигестивниот систем и го намалуваат нивото на холестерол, а исто така содржат и флавоноиди кои помагаат во спречувањето на срцеви болести и појава на рак.

Во текот на оваа диета, се советува конsумирање на четири до пет оброци дневно, додека внесувањето на грицки и слатки е забрането. Секој главен оброк треба да содржи протеини бидејќи тие го намалуваат апетитот и го забрзуваат губењето на килограмите. За да ја заситите гладта, но и да ја намалите желбата за слатки, неопходно е да јадете што повеќе разновидно овошје и зеленчук. Од намирниците уште се препорачуваат и немасен јогурт и сирење, зелена салата, брокула, јајца, говедско, риба, пилешко, мисиркино месо, овес и интегрален ориз.

За ефектот на оваа диета да биде уште поголем, експертите советуваат и вежбање три до четири пати неделно во траење од 30 минути.

Пример мени:

Појадок: Едно јаболко, омлет од јајца и немасно сирење

Предпладневна ужина: Кришка нискомаслено сирење и чаша нискомаслен јогурт

Ручек: Едно јабоко, пилешки гради на скара, варена брокула, 200 гр интегрален ориз.

Попладневна ужинка: Шолја какао

Вечера: Едно јаболко, риба на скара, зелена салата

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Петдневна диета

    Петдневна диета

    Оваа диета претежно се состои од овошје и зеленчук. Таа трае 5 дена, после кои се потребни 2 дена одмор, односно нормално, но не претерано…

  • За 7 дена 7 кг помалку? Велат дека тоа е можно со КРАСТАВИЦА ДИЕТА

    За 7 дена 7 кг помалку? Велат дека тоа е можно со КРАСТАВИЦА ДИЕТА

    Покрај тоа што краставицата изобилува со хранливи материи како витамините Б, Ц и Е, калциум, цинк, магнезиум и влакна, таа има и детоксикациски својства. Редовното…

  • Диета со вилушка

    Диета со вилушка

    Оваа диета е мошне едноставна. Имајте обилен појадок, просечен ручек и лесна вечера, за која ќе јадете што сакате (секако во одредени граници) само доколку…

  • Диетата на д-р Маурицио Месекве

    Диетата на д-р Маурицио Месекве

    Оваа диета трае 1-2 седмици, за кои се губат 3-5 кг. Оваа диета е никокалорична бидејќи е предвидено дневно внесување на само 900 калории. Тука…

  • Финска диета

    Финска диета

    Менито се базира на пире-супи од зеленчук, а режимот на исхрана е 4-5 помали оброци на ден, а се препорачува и да се пиjат 2…

  • Калифорниска диета

    Калифорниска диета

    Со оваа диета за 5 дена се губат од 2,5 до 5 кг, зависно од вашата тежина. Може да се повтори 2-3 пати но со…

  • Викенд диета

    Викенд диета

    Оваа диета е наменета за прочистување на организмот со внесување на малку калории. Целта на оваа диета е детоксикација, но може да се загубат до…

  • Прочистувачка диета

    Прочистувачка диета

    Оваа диета трае само еден ден во месецот, а целта и е да го прочисти телото од вишокот течности и токсини. После будење: олигоминерална вода…

  • Диетата на д-р Браун

    Диетата на д-р Браун

    Оваа диета подразбира 5-7 оброка дневно, а не смее да се јаде после 18 часот. За 7 дена можете да изгубите 3-5 килограми.   1…

  • Спортска диета

    Спортска диета

    И покрај тоа што ретко спортистите и оние луѓе што се физички активни, имаат проблеми со телесната тежина, сепак, ако сакаат малку да ја намалат…