25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСо НЛБ Ден започна месецот на штедење во НЛБ Банка АД Скопје

Со НЛБ Ден започна месецот на штедење во НЛБ Банка АД Скопје

stedenje 8833

Од понеделник, со организација на традиционалниот НЛБ Ден, започна месецот на штедење во НЛБ Банка, ова година на тема „Штедење и хуманост“.

Веќе петта година по ред, НЛБ Денот беше означен преку организација на централен настан во Дирекцијата на НЛБ Банка и преку промотивни активности во сите експозитури на Банката.

За децата од различни основни училишта, на НЛБ Денот беше организирана посебна забавна и едукативна програма со претстава, квиз, делење подароци и цртање, на тема: „Штедење и хуманост“.

Во текот на НЛБ Месецот на штедење, во периодот од 26.09.2016 година до 26.10.2016 година, ќе трае акцијата за собирање на цртежи, во која децата ќе имаат можност своите цртежи на тема: „Штедење и хуманост“ да ги постават на посебната веб страницата за таа намена: www.stedenje.nlb.mk или да ги донесат во било која од експозитурите на НЛБ Банка АД Скопје.

По завршување на НЛБ Месецот на штедење, во НЛБ Галеријата ќе биде организирана голема хуманитарна изложба на сите цртежи кои ќе бидат собрани во текот на кампањата и за истите ќе се одржи продажна аукција. Собраните средства од аукцијата ќе се донираат во хуманитарни цели.

Најдобрите цртежи кои ќе добијат најголем број на гласови преку веб страницата www.stedenje.nlb.mk и оние кои ќе бидат избрани од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметници, како и секоја година, ќе добијат признанија и парична награда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП