Јапонскиот производител „Nissan“ ја објави цената на обновеното спортско купе „GT-R Nismo“, наменет за пазарот во САД. Суперавтомобилот ќе се нуди за минимум 174.900 американски долари.
Премиерата на модификација за САД се одржа изминатиот викенд на специјалната манифестација „Japanese Classic Car Show“, што се одржа на одборот на транслатлантскиот брод „Квин Мери“ во Лонг Бич. Тоа е и најголемото моторно шоу во Америка за љубителите на јапонски автомобили, а оваа година на него присуствувале 7.000 гледачи.
Моделот веќе може да се нарача од страна на американските клиенти на „Nissan“ кај сите сертифицирани дилери на марката во САД. Самиот автомобил дебитираше во мај оваа година, добивајќи мали промени во својот изглед. Тие се фокусирале најмногу на предниот дел од возилото.
Под хаубата на „Nissan GT-R Nismo“ е поставен 3,8-литарски би-турбо „V6“ со 600 КС и максимален вртежен момент од 652 Нм. Возилото е опремено со систем за погон на сите четири тркала и 6-брзински автоматски менувач со 2 конектори.
За споредба стандардниот „Nissan GT-R Premium“ е достапен на пазарот во САД за 109.900 долари. Автомобилот располага со истиот мотор, но моќноста му е 565 КС и 633 Нм вртежен момент.