28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовo претставништво за Jaguar и Land Rover во Македонија

Новo претставништво за Jaguar и Land Rover во Македонија

jl

Во тенедерот за избор на автомобилски импортер во кој се натпреваруваа компании од три континенти, престижниот британски производител Jaguar Land Rover ја одбра компанијата Wallis Automotive Europe да ги претставува овие марки во јадранскиот регион ( државите од поранешна Југославија и Албанија).

Оваа компанија е дел од Унгарската Wallis Group, инвестициски холдинг со годишен приход кој надминува €460 мил.  Генералниот директор на Wallis Automotive г-динот Andrew Prest, изјави „ со поврзување на 8 држави и над 20 милионска популација, подготвени сме да понудиме побрза испорака на возила до крајните купувачи, подобра техничка поддршка и силна импортерска организација  со сите предности од економијата на големо. На овој начин ќе се подобри пазарното учество во Македонија како и кај околните земји”.

Оперативното седиште на групацијата Wallis ќе биде во Загреб, каде мултинационален тим ќе биде на располагање и поддршка за сите осум држави.  Jaguar Land Rover ја започна својата најамбициозна продажна офанзива досега и продажбата ќе се дуплира од половина милион минатата година до еден милион до крајот на деценијата.

Регионалниот директор на продажба на Wallis Automotive Europe, г-динот Игор Илиев  изјави  „почестени сме што ќе бидеме новите претставници на Jaguar и Land Rover во Македонија, особено во овој возбудлив период од нивната историја.  И двете марки бележат фантастичен пораст а Jaguar – оваа година забележа пораст од 82% – и во моментов  претставува најбрзорастечка автомобилска марка во Европа.”  Истовремено додаде „со три нови модели кои ќе се комерцијализираат до крајот на оваа финансиска година, Jaguar Land Rover лансира една од најамбициозната и највозбудлива продукт офанзива од било кој производител на возила денеска а истовремено располага со најмлада гама.”

Наредниот месец Wallis ќе го открие идентитетот на новиот дилер и овластен сервис на Jaguar Land Rover во Скопје.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП