25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот кросовер на SEAT стана теренец (фото+видео)

Првиот кросовер на SEAT стана теренец (фото+видео)

at seat 00

„SEAT“ го подготви првиот кросовер во историјата – „Ateca“, за возење по тешки терени. Новата модификација на моделот засега е концептуален модел, кој има добиено додаток „X-Perience“ кон името. Тој ќе биде претставен на саемот во Париз.

Концептот „SEAT Ateca X-Perience“ има нови браници, дополнителна заштита на каросеријата, 18-инчни тркала со гуми со висок профил, а исто така и различен распоред во кабината.

at seat 01

Возилото е опремено со најмоќниот мотор понуден за стандардната „Ateca“. Тоа е 2,0-литарски дизел со 190 КС, кој работи во комбинација со 7-степен роботизиран менувач и систем за погон на четири тркала со спојка Haldex и електронска бравата на диференцијалот XDS.

at seat 02

Во опремата на прототипот се вклучени систем со неколку режими на придвижување, пролизгувањето-контрола „4Drive“ со дополнителни поставувања за полагање на делници со снег или друг тежок терен, мултимедијален систем со 8-инчен екран, како и безкабелски полнач за смартфон.

at seat 03

Засега од „SEAT“ не споменуваат ништо за сериско производство на моделот. Шпанците тврдат дека „Ateca X-Perience“ е наменет исклучиво за демонстрација на можностите на нивните кросовери. Претставник на брендот, сепак, призна дека моделот е целосно завршен и ако треба, производството може да започне веднаш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП