19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на потрошувачката во Франција

Пад на потрошувачката во Франција

francuska

Домаќинствата во Франција ја намалија потрошувачката за 0,1 проценти во вториот квартал, по зголемувањето од 1,1 процент во првиот квартал.

Инвестициите на компаниите паднале за 0,2 проценти по растот од 1,3 проценти во првиот квартал, покажаа ревидираните податоци на Заводот за статистика ИНСЕЕ.

„Имајќи ја во предвид јавната потрошувачка, вкупната домашна побарувачка (исклучувајќи ги акциите) не придонела за раст на БДП во вториот квартал од 2016 година“, соопштија од ИНСЕЕ, со напомена дека потрошувачката на почетокот на годината му дала поттик на растот од 0,9 проценти.

Извор во Министерството за финансии изјави за Франс прес дека ревидирањето на податоците надолу „не го доведува во прашање сценариото на растот од 1,5 проценти за оваа и наредната година“ бидејќи растот на БДП во првите два квартали сеуште кореспондира со растот од 1,1 проценти на годишно ниво.

Се предвидува дека француската економија ќе оствари благ раст во третиот квартал, при што Банката на Франција овој месец соопшти дека очекува економска експанзија од 0,3 проценти во тековниот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП