18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија бара 30.000 работници, еве и кои...

Австрија бара 30.000 работници, еве и кои…

Couple having dinner in a luxury restaurant

Крајот на септември за повеќето работници кои работеле како сезонски работници во областа на туризамот, е знак дека нивниот договор истекува и дека е време да се вратат дома.

Некои со парите што ги имаат заштедено ќе се обидат да „дотуркаат“ до следниот Велигден и новото враќање на Јадранот и сезонските работи.

Меѓутоа, ги има и оние кои и натаму се во потрага за нови работни предизвици. Тие летната сезона ќе ја поврзат со сезоната на зимскиот туризам.

На пример, во Австрија, проблем претставува добивањето на работната дозвола. Дури ниту хрватските работници, се до 2020-та година немаат слободен пристап до австрискиот пазар на труд, па да се вработат треба да добијат работна дозвола.

Сепак поради големиот обем на работа и недостатокот на работници, токму се барани угостителските работници – кувари, келнери и собарки, па добивањето на работна дозвола не би требало да биде проблем.

Според достапните информации австриските хотели и ресторани секоја сезона бараат околу 30.000 работници, а голем дел од нив доаѓаат токму од странство.

Посредувањето при вработување на работници во Австрија е основна дејност на компанијата „Euro Career“ од истарски Бањол.

„Соработуваме со хотели кои имаат четири и пет ѕвезди. Нашата цел е работникот да биде задоволен, работодавачите да бидат задоволни и нормално и ние како агенција да бидеме задоволни“, објаснува Александара Бертелт од оваа компанија.

Според искуството од претходното посредување, работодавачот за повеќето работници обезбедува сместување и храна.

„Посредуваме на работници во текот на зимската, така и за време на летната сезона, но и во објекти кои работат за време на целата година, па така тие се вработуваат на неодредено време. Инаку соработуваме со работодавачите од областите Тирол и Ворарлберг“, вели Бертелт и напоменува дека познавањето на германскиот јазик е важен услов за добивање на работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП