24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМима: Вредноста на албанската дрога на пазарот на мало 13 милијарди евра

Мима: Вредноста на албанската дрога на пазарот на мало 13 милијарди евра

mi

Вредноста на албанската дрога која се продава на нарко-пазарот на мало во текот на една година достигнува до 13 милијарди евра. 

Ова го изјави пратеникот во Собранието на Албанија Флориан Мима, кој инаку повеќе години беше еден од главните фунционери во министерството за внатрешни работи. Мима кој е пратеник на Демократската партија и кој важи за одличен познавач на состојбите со дрогата во Албанија во дебатата за дрогата во земјата што е во тек во законодавниот дом во Тирана истакна дека неоходни се мерки за спречување на масовното производство на дрога од типот марихуана.

Во дебатата опозицијата ја обвинува власта дека стои отворено зад масовното производство на дрогата во сите делови од земјата, додека од друга страна преставниците на Владата во Тирана наведуваат дека полицијата секојдневно уништува големи површини засадени со дрога.

ЕУ и САД бараат од власта веднаш да пресече и да се пресмета со оние кои се занимаваат со производството и шверцот со дрога.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП