29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТАВ донесе француски тур-оператори во Охрид

ТАВ донесе француски тур-оператори во Охрид

tav ohrid vi

Компанијата „ТАВ аеродроми“ од Истанбул, преку својот оддел за маркетинг, викендов донесе неколку големи француски тур-оператори со цел да ги запознае со убавините на Македонија, на Охрид и на неговиот регион.

Претставници на шест туристички друштва, меѓу кои се и TUI France и Mondial Tourisme, следниве денови ќе се запознаат со убавините на Охрид и со туристичките потенцијали на градот и неговата околина. Целта е тие да се заинтересираат и да ја вклучат Македонија во нивните балкански тури, преку воспоставување редовни чартер-летови од Охридскиот аеродром.

Целта на оваа посета на француските тур-оператори, која што ја организира „ТАВ аеродроми“, е тие да се заинтересираат и да ја вклучат Македонија во нивните балкански тури, преку воспоставување редовни чартер-летови од Охридскиот аеродром.

Маркетинг претставникот на „ТАВ аеродроми“, Серкан Карахатај, помеѓу средбите со француските тур-оператори, истакна дека отпочнувањето нови чартер-летови од аеродромот „Св. Апостол Павле“ преку привлекување на француските тур-оператори, е во врвот на агендата на оваа посета.

„Организирањето посета на најголемите француски туристички компании во Македонија овој викенд е дел од постојаните активности што „ТАВ аеродроми“ ги спроведува со цел да привлече нови авиокомпании и тур-оператори на македонските авиопристаништа. Секако, тоа што ни ја олеснува задачата, кога е во прашање Охридскиот аеродром, е природната и недопрена убавина на Охридското Езеро. Пред сите странски туристички друштва и авиокомпании го претставуваме како уникатна локација, со силен потенцијал за бизнис. Очекуваме корисни средби и остварување на нашата цел: привлекување на овие тур-оператори да ја вклучат Македонија и Охрид во нивните туристички пакети во рамки на балканските земји. Како туристички друштва, сите тие имаат свои авиокомпании што можат да летаат до Охрид со организирани чартер-летови и на тој начин да носат француски и други европски туристи во Македонија“, вели Серкан Карахатај, маркетинг-претставник на „ТАВ аеродроми“.

Покрај состаноците со „ТАВ аеродроми“, за француските тур-оператори ќе биде организирана средба и со Општина Охрид, а тие ќе имаат прилика да ги видат и посетат најпознатите културно-историски локации во градот и неговата околина.

„ТАВ Македонија“, која што е дел од холдингот „ТАВ аеродроми“, ги заврши првите осум месеци од 2016 година со 19 отсто пораст на бројот на патници на двата аеродрома – скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“ – достигнувајќи ја бројката од 1.211.588 патници. Во исто време, бројот на летови се зголеми за 12 проценти, односно се искачи на вкупно 11.459 авионски операции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП