20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody's го намали кредитниот рејтинг на Турција

Moody’s го намали кредитниот рејтинг на Турција

turcija 333

Меѓународната агенција „Moody’s“ го намали кредитниот рејтинг на Турција до ниво „junk“ (ѓубре).

Причината за тоа се ризиците, вклучувајќи ги потребите од надворешно финансирање и слабеењето на кредитните основи, додека економскиот раст забавува.

Покрај тоа „Moody’s“ го намали долгорочниот кредитен рејтинг на земјата од „Baa3“ до „Ba1“ со стабилни изгледи.

„Moody’s“ наведува дека очекува негативно влијание врз економскиот раст да имаат политичките превирања во земјата по обидот за преврат во јули, што би можело да се закани исклучително на важните странски инвестиции и да ги успори економските реформи.

Агенцијата вели дека очекува влошувањето на кредитниот рејтинг на Турција да продолжи и во следните две до три години. Таа најави дека стабилната перспектива се одразува на „здравиот финансиски баланс, кој ќе им овозможи да ги поднесат полесно ударите и да реагираат флексибилно“.

„Moody’s“ објави дека очекува реалниот раст на БДП-то на Турција меѓу 2016-та и 2019-та година да е 2,7%.

„S&P Global Ratings“ веќе го намали рејтингот на земјата до ниво „junk“, додека „Fitch“ во август ги намали изгледите за рејтингот на Турција до „негативен“ степен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП