19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтудентските домови ќе добијат машини за перење и сушење алишта

Студентските домови ќе добијат машини за перење и сушење алишта

studenski domovi111

Машини за перење и за сушење алишта ќе добијат студентските домови во Скопје, најавува заменик-министерот за образование Спиро Ристовски на „Фејсбук“.

„Унапредувањето на студентскиот стандард е еден од нашите врвни приоритети. Тоа го потврдивме со бројни досега реализирани и тековни проекти, системски мерки и активности кои значат олеснување на студентскиот живот и делување“, пишува заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Во оваа насока, особено сме посветени на квалитетот и условите за студентското сместување. Актуелната Влада е единствената која има направено сериозни инвестиции во изградба на нови и во реконструкција и опремување на постојните студентски домови. Досега се вложени 5 милиони евра. Една од низата активности кои се дел од нашиот инвестициски план во следниот период е и набавката на перални и сушални, за што сакам да информирам дека тендерот за набавка е веќе објавен на системот за јавни набавки. Ќе бидат набавени вкупно 50 професионални машини за перење и 50 професионални машини за сушење со капацитет до 10 килограми, кои ќе работат на систем на жетони“, додава Ристовски.

До сега, студентите сместени во студенстките домови во главниот град алиштата ги переа само кога си одеа дома, или ако останеа подолго во Скопје, ги праќаа по автобуси и ги дочекуваа испрани. Некои се переа кај роднини или пријатели во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП