25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКраток прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид заради минирање

Краток прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид заради минирање

avtopat-obikolnica-soobrakajot

На магистралниот пат А-2 Кичево – Охрид поради изведување работи на пат (минирање), денес сообраќајот ќе биде во прекин 10 – 15 минути помеѓу 13:00 – 15:00 часот.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини не се бележат подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП