25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПроизводството на iPhone 7 e поскапо од тоа на неговиот претходник

Производството на iPhone 7 e поскапо од тоа на неговиот претходник

ajfi 33995

„Apple“ троши повеќе за чистото производство на својот „iPhone 7“, отколку за неговиот претходник „iPhone 6S“. Ова се должи на присуството на поголемата батерија и поголемиот капацитет за складирање на податоци, покажа анализата на „IHS Markit“.

Вкупните трошоци за создавање на „iPhone 7“ се зголемуваат до 224,80 долари. Како што тврди „IHS Markit“ тоа е за 36,89 долари повеќе што е потребно за создавање на „iPhone 6S“.

„Apple“ го претстави „iPhone 7“ со камера со висока резолуција и без влез за слушалки за време на својот годишен настан за претставување на нови уреди, што оваа година се одржа на 7-ми септември. Објавeнaтa цeнa нa вepзијатa нa нoвиот „іРhоnе“ cо 32GВ меморија изнесува 649 дoлapи.

„IHS Markit“ исто така објави дека финансиската проценка на материјалите кои компанијата ги користела, се совпаѓа со оние на клучните смартфони, направени од конкурентот „Samsung Electronics“, но „Apple“ има повисоки маржи на профит.

Така на пример компанијата претпостави дека цената на чинење на сите компоненти на „Galaxy S7“ започнува од 255 долари. Така излегува дека „Samsung“ има направено уред, чија цена одговара на онаа на „Samsung Galaxy S5“, своевремено. Инаку цената на „Galaxy S7“ започнува од околу 670 долари, или повеќе од двапати над предвидената цена на компонентите.

„IHS Markit“ се уште нема обезбедено анализа за трошоците на производството на „iPhone 7 Plus“.

Важно да се напомене дека во наведените износи од „IHS Markit“ не се вклучени трошоците за работна сила, за развој, за одржување, дистрибуција, маркетинг и така натаму, да не зборуваме за сервисни акции или замени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП