29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбама најави дека 50 земји ќе примат 360.000 беглаци

Обама најави дека 50 земји ќе примат 360.000 беглаци

oubama22

Педесет земји ветиле дека ќе примат 360.000 бегалци оваа година, двојно повеќе од минатата, најави американскиот претседател Барак Обама отворајќи го мини самитот за бегалците во седиштето на Обединетите нации во Њујорк ноќта кон средата.

Претходно, Белата куќа најави дека покрај примањето на бегалците, споменатите земји ќе издвојат вкупно 4,5 милијарди долари повеќе во однос на претходната 2015 година за оваа цел.

Отворајќи го мини самитот на маргините на Генералното собрание на ОН, кој се одржа на иницијатива на САД, претседателот Барак Обама особено ја поздрави улогата на Германија и на Канада во соочувањето со мигрантската криза, која според него ја предизвикала повеќе од пет години долгата сириска војна.

„Заедно, нашите земји двојно ќе го зголемат бројот на бегалците кои ќе ги примиме, и ова година ќе достигне 360.000. Бегалците, од кои повеќето се жени и деца, бегаат од тероризмот. Тие се жртви“, рече Обама, без да наведе поединости која земја колку бегалци ќе прими.

Обама истакна дека отфрлањето на бегалците од страна на некои земји затоа што се муслимани „само ја јакне терористичката пропаганда“, со што всушност ја критикуваше претседателската кампања на републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Претходно, во својот настап на трибината на ОН, Обама ги повика богатите земји повеќе да се ангажираат „дури и тогаш кога тоа е тешко од политички позиции“.

САД примија 10.000 сириски бегалци во изминатата буџетска година. Активистите за човекови права сметаат дека таа бројка е премала и ѝ забележуваат на најбогата земја и најголемата светска сила за недоволен ангажман во решавањето мигрантската криза.

За буџетската 2106/2017 година, Вашингтон вети дека ќе прими вкупно 110.000 бегалци, но не наведе колку од таа бројка ќе бидат Сиријци.

Повеќе од половината од бегалците на планетава живеат во само осум држави: Либан, Јордан, Турција, Кенија, Етиопија, Пакистан и Уганда, а богатите земји примиле само 14 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП