29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПроблеми во работата на сервисите на Google

Проблеми во работата на сервисите на Google

Google

Електронската пошта на „Google“ како и поединечни апликации на овој информатички гигант не им се достапни на поедини корисници. Ова го објави компанијата на својата интернет страна.

Од „Google“ јавуваат дека моментално ги истражуваат овие проблеми, но потврдија дека се уште не знаат која е причината за ваквиот проблем.

Потешкотиите во работата на сервисите на „Google“ започнаа да се појавуваат во целиот свет, а од компанијата прават се што е во нивна моќ на корисниците повторно да им овозможат нормално користење на сервисите.

На официјалната страна на „Google“ се наведува дека со овој проблем се опфатени 13 нивни апликации.

Засега бројката на корисници кои се погодени со овој проблем е прилично мал, па „Gmail“ не е достапен за само 0.007 проценти од корисниците, но од компанијата прават се за оваа бројка да не се зголеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП