20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДаночно ослободување на фирмите кои ќе инвестираат во спортските клубови

Даночно ослободување на фирмите кои ќе инвестираат во спортските клубови

груевски-дпмне

Од позиција на партиски лидер, како партија за која тој смета дека најмногу вложила во спортот, поранешниот премиер и челник на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски најави во понеделникот дека со измена на закон ќе предложи да се прецизира финансирањето на клуб, при што средствата би биле одбиени од фирмите при плаќање на данокот на добивка, но, како што рече, по утврдени правила.

Компанија која има добивка од милион евра и за тоа треба да плати данок на добивка, доколку инвестира 200 илјади евра во некој спортски клуб или федерација, за истиот износ би била ослободена од плаќање данок на добивка кон државата.

„Доколку инвестира уште 100 илјади евра, за тие 100 илјади евра ќе биде ослободена од 50 илјади евра данок на добивка. Значи фирмите ќе може наместо на државата да инвестираат во клубовите, спортистите и федерациите доколку самите така одлучат“, рече Груевски.

Притоа, партискиот лидер најавува внимателен државен надзор на користење на парите, со цел, како што рече, да се спречи нивна злоупотреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП