24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе ви успева да ги обавите задачите навремено? Пробајте го ова…

Не ви успева да ги обавите задачите навремено? Пробајте го ова…

clock-business-time

Најтешкиот дел од обавувањето на некоја задача е самиот почеток. Од таа идеја се водеа психолозите кои се обидуваа да им помогнат на сите кои не успеваат да ги испочитуваат роковите и да ги обават задачите навремено.

Психолозите од универзитетите во Чикаго и Торонто замолија две групи фармери во Индија да отворат сметка во банка и да уплатат на неа некој износ до одреден рок, а на сите кои ќе успеат во тоа им ветија парична награда. На едната група во месец јуни и поставиле рок до декември. А на втората група и пришле во јули и и дале рок до јануари.

Фармерите од првата група во обавувањето на задачата пристапиле веднаш, иако и првата и втората група имале ист број на месеци за исполнување на задачата. Причината е рокот кој за првата група бил истата година, па и со самото тоа се чинело дека задачата мора да се обави што порано.

Второто истражување докажало дека луѓето попрво ќе започнат со обавување на некоја задача или работа ако рокот им е тековниот месец, отколку следниот.

И боите можат да влијаат на перцепцијата на времето. Доколку периодот до некој рок кој го имате, на календарот го обележите на пример со плава боја, поверојатно е дека задачата ќе ја обавите на време.

Заклучoкот на психолозите е дека луѓето многу повеќе се грижат за себе во иднината отколку во сегашноста. Ако овие ситни трикови можат да не доведат во ред, тогаш зошто да не ги испробаме?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП