28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШефовите кои излажале во корист на вработениот заслужуваат почит

Шефовите кои излажале во корист на вработениот заслужуваат почит

liar-nose-620x400

Иако од мали учевме дека искреноста е најдобриот пат, според најновото истражување на еден тим од Универзитeтот Вартон, лажењето во вистинските моменти може да биде етичко, помага при воспоставувањето на доверба, и го зголемува моралот.

Истражувањето на тимот открива дека лажењето и измамата ги сфаќаме како себичен чин, додека од друга страна искреноста ја доживуваме како нешто што може да не чини многу, но им помага на другите. Швајцер и Левин дошле до заклучот дека би требало да се променат традиционалните верувања, како и дека постои ситуација во која би требало да се воздржите од целосната искреност.

Ако на пример вработениот е излажан со цел да му се помогне, тој навистина ќе ја цени таа неискреност, а воедно ќе се создаде и взаемно чувство на доверба. Шефовите кои излажале во корист на вработениот се оние кои треба да добијат почит. Тие на тој начин помогнале некои нешта да се сменат на подобро, но на посуптилен начин. Со други зборови, секогаш е подобро на работникот да му пристапите со лесни и охрабрувачки зборови за неговата работа, отколку брутално и сосема искрено да го критикувате.

Во многу ситуации, љубезноста и грижата за купувачите или вработените може да значи многу повеќе од комплетната искреност. Поради тоа наместо да мислите дека секогаш треба да бидеме искрени, би требало да обрнеме внимание да ги третираме другите на начинот на кој ние би сакале да бидеме третирани.

„Важно е да се создаде „околина во која се грижите за некого“, а вистинскиот баланс помеѓу искреноста и грижата за некого е клуч за успехот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП