24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавата чиј државјанин можете да станете за 18 минути и 100 евра

Државата чиј државјанин можете да станете за 18 минути и 100 евра

talin estoniaaa23

100 евра и неколку кликања со глушецот – тоа е потребно за да станеш жител на Естонија, дури и никогаш да не си стапнал во неа.

Иако е-жителите не се наоѓаат физички таму, тие имаат право да учествуваат во економскиот живот на земјата, така што ќе ги користат естонските банки и базираните компании во неа, освен тоа ќе придонесуваат за сликата на земјата како пионер во технологијата, пишува „Гардијан“.

Населението на Естонија е едвај 1,3 милиони луѓе, а работната сила е 650.000, но во иднина бројот ќе се намалува поради стареењето на населението и емиграцијата.

„Привлечноста на имигранти не е можност за нас, луѓето ја претпочитаат Шведска и Норвешка“, истакнува извршниот директор за технологија во естонската влада Таави Котка.

Во деновите по „Брегзит“, барањата за електронско право на престој од Британија се зголемиле за десет пати, иако досега само 616 Британци се регистрирани како дигитални граѓани.

„Интересот беше повеќе шпекулативен, бизнис секторот сака да ги увери акционерите дека ќе можат да исплаќаат плати во евра“, прецизира извршниот директор на програмата за е-жителство Каспар Корнос. Според него, околу 60% од регистрираните го направиле со цел бизнис, а останатите само ја поддржуваат идејата.

Вкупниот број на е-жителите на Естонија засега е 12.000, но земјата се цели на вкупно 10 милиони. Зголемување би требало да се очекува по избивањето на скандалот со „Досиејата од Панама“.

Вработените во програмата сепак нагласуваат дека Владата ќе ги следи финансиските активности на е-жителите, наместо тие да биде скриени во сложени правни договори. Покрај тоа регистрацијата на бизнис во Естонија не значи дека даноците ќе се плаќаат таму, освен ако основниот дел од него не се развива во рамките на земјата.

„Ако сте во Велика Британија, треба да плаќате даноци таму. Не користите ја нашата инфраструктура, користите ја нивната, поради тоа што плаќате за тоа“, вели Котка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП