25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилен земјотрес почувствуван во Скопје

Силен земјотрес почувствуван во Скопје

zzz

Силен земјотрес се почувствува во недела нешто пред седум часот во Скопје, при што дел од скопјани истрчаа надвор од своите куќи и станови.

Според информациите на Сеизмолошката обсерваторија на Природно математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот е 5 километри североисточно од Скопје со епицентри на 2 километра под земјината површина и интензитет од 3,9 степени според Рихтеровата скала.

Според порталот earthquakenewstoday.com во ажурираните податоци на американскиот геофозички институт USGS земјотресот бил со магнитуда од 4,4 по Рихтер, во 6,58 часот по локално време, на два километра северозападна од Арачиново, или 11 од Скопје.

Според околните станици во неделата утрото во 4,58 часот, бил почувствуван уште еден земјотрес од 3,9 степени според Рихтер, со епицентар во пограничниот регион меѓу Косово, Србија и Македонија, на длабочина од 10 километри.

Ова е само четврти земјотрес кој последниве 365 дена е регистриран на територијата на Македонија со магнитуда поголема од 3,0. Земјотресите со магнитуди ме 4,0 и 5,0 се чувствуваат особено во повисоките објекти, но можат ретко да предизвикаат помали оштетувања. Во светот годишно се регистрираат околу 13.000 потреси со овој интензитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП