28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДневно по 18 милијарди пораки се разменуваат на Whatsapp

Дневно по 18 милијарди пораки се разменуваат на Whatsapp

whatsapp

Извршниот директор на апликацијата „WhatsApp“, Јан Каум потврди дека неговата компанија има повеќе корисници од „Twitter“ или околу 200 милиони луѓе кои ја користат оваа апликација. Иако Каум не ја открива точната бројка, но едно е сигурно дека станува збор за голем број на корисници.

Покрај тоа со употребата на апликацијата „WhatsApp“ дневно се праќаат неверојатни 18 милијарди пораки, што е многу повеќе од 10-те милијарди пораки кои се праќаат на „Facebook“ во текот на еден ден.

За разлика од „Twitter“ и „Facebook“, „WhatsApp“ нема реклами, но затоа наплаќа по 0.99 центи годишно за неговата употреба. Каум потврди дека „WhatsApp“ и во иднина нема да прикажуваат реклами на мобилните телефони, поради тоа што тие уреди според него не се за тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП