29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудиска Арабија стопира проекти вредни 20 милијарди долари

Саудиска Арабија стопира проекти вредни 20 милијарди долари

saudi oil 3353

Саудиска Арабија продолжува со напорите за намалување на буџетскиот дефицит, кој е најголем од 20-те најголеми економии во светот, а по секоја веројатност ќе бидат стопирани проекти од над 20 милијарди долари, а буџетот на министерствата ќе биде намален за 1/4, изјавија запознаени извори за „Bloomberg“.

Владата разгледува илјадници проекти, проценети на околу 69 милијарди долари, и може да се откаже од 1/3 од нив, соопштија пред агенцијата три различни извори кои посакале анонимност.

Мерките ќе влијаат на буџетот на Саудиска Арабија за годините што доаѓаат, според два од изворите. Останатите планови предвидуваат спојувањето на одделни министерства, како и затворањето на други. Тоа се невидени мерки до овој момент за земјата, која цели намалување на буџетскиот дефицит, кој порасна до 16% од БДП-то во текот на изминатата година.

Најголемиот нафтен извозник во светот цели намалување на трошоците со десетици милијарди долари, со што ќе го намали дефицитот до 10% од БДП-та за 2017-та година.

Престолонаследникот Мохамед бин Салман е еден од луѓето кои имаат за цел намалување на зависноста на Саудиска Арабија од „петродоларите“. Бин Салман, кој е син на кралот Салман, неодамна ги најави плановите на најголемата нафтена компанија во светот – државната „Aramco“, како и создавањето на најголемиот државен инвестициски фонд, кој можеби ќе контролира средства од над 2  илјади милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП