25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТелефоните ќе се полнат на допир

Телефоните ќе се полнат на допир

Сашенк Прија и неговите колеги од Универзитетот Virginia Tech, дизајнираат нов полнач, кој добива енергија од моќта, што се генерира од прстите при пишување на тастатура, глас, или ако го затресете телефонот.

Истражувачите експериментирале со цинк оксид, за да видат колку добро се преобразуваат звучните бранови и вибрации настанати како резултат од притисокот во енергија за напојување на телефонот.

Тие овој материјал го изложиле на звучни бранови со јачина од 100 децибели, кои успеале да создадат сила од 50 миливолти. Кога станува збор за мобилните телефони, овој материјал би бил сместен само под тастатурата, и со механички вибрации би се складирала енергија понатамошна употреба.

“Материјалот нема да биде во можност да произведе доволно енергија за сам да го напојува телефонот, но тоа би биде доволно за да го користите телефонот во итни ситуации”, рече Прија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП