28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony и Panasonic планираат да ги комерцијализираат 8K TV уредите до 2020-та

Sony и Panasonic планираат да ги комерцијализираат 8K TV уредите до 2020-та

8ktv 333

Две големи јапонски компании, „Sony“ и „Panasonic“, планираат да ги комерцијализираат „8K“ телевизорите до 2020-та година, односно до следните Олимписки игри кои ќе се одржуваат во Токио.

Иако „4K“ телевизорите се уште не се доволно популарни, со оглед на тоа дека корисниците и натаму ги преферираат уредите со 1080p или „2K“ резолуција, „8K“ доаѓа со четири пати поостра слика отколку „4K“ и 16 пати поостра од 1080p.

Нормално, за двете компании нема да биде доволно само да креираат „8K“, што е полесниот дел. Ќе биде потребно да се склучи соработка и со емитерот „NHK“ со цел да се креира технологија за пренсување на содржини кои се способни да емитуваат „8K“ видео со полн сјај. „NHK“ веќе тестираше „8K“ пренос на видео од годинешните Олимписки игри.

Во овој момент, нема многу „8K“ телевизори во понудата, а оние кои се достапни се многу скапи. „Sony“ и „Panasconic“ ќе мораат да ја намалат цената на чинење до ниво да потрошувачите можат да издвојат средства за овие скапи ТВ уреди.

Двете компании за оваа ги имаат следните четири години, додека „NHK“ има задача да креира нова технологија која може да поднесе пренос на „8K“ видеа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП