25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПристигнува и Twitter Home?

Пристигнува и Twitter Home?

home

Потпретседателот на „Twitter“ за нови производи, Мајкл Сипи дал интересен одговор на прашањето за неговото мислење во врска со „Facebook Home“ и на тоа дали и во „Twitter“ исто така размислуваaт за сличен пристап кога мобилните телефони се во прашање.

„Постојат голем број на работи на кои ние работиме и кои се наменети за „Android“. Сакаме луѓето низ нашите апликации полесно да ги откриваат новите твитови. Би сакал во иднина да ги видам твитовите на екранот, но сепак останува да видиме што точно ќе се случи“, изјавил Сипи.

Тој претходно нагласи дека неговиот тим исто така сака да го забрза развојот и претставувањето на апликацијата како на „Facebook“. Но нивниот најголем проблем е тоа што нивната апликација се уште не е во финална фаза, поради тоа што непрестано еволуира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП