20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi ги соединува RS6 и Allroad во едно

Audi ги соединува RS6 и Allroad во едно

edno 90

„Audi Allroad“ е меѓу ретките автомобили на пазарот, кој ги покрива речиси целосно критериумите за мултифункционално возило. Овој караван е простран, луксузен и функционален. А наскоро ќе може да се пофали и со сериозна доза на спорт.

Според германското издание „Autobild“, „Audi“ подготвува за пуштање нова модификација на својот „A6 Allroad“ која ќе се одликува токму со висока моќност. Всушност моделот ќе претставува целосно „RS6“, но исполнет во стилот на „Allroad“.

„Audi RS6 Allroad“ ќе го користи познатиот од спортскиот караван 4,0-литарски V8 мотор со би-турбо. Тој развива 560 Кс и 700 Нм, кои ќе го направат новиот „Allroad“ во еден од најмоќните и најбрзите автомобили во оваа класа.

Можно е Германците да ја предложат за моделот и посилната верзија, опремена со пакет „Performance“. Кај неа показателите се дури и импресивни – 605 Кс и 750 Нм.

edno 91

Моделот „RS6 Allroad“ ќе биде наменет претежно за пазарот во Кина, каде ваквите видови на возила со висока моќност се многу барани, пишува весникот. Но додава дека практичниот „спортист“ ќе се нуди и во Европа.

Информации за слична верзија на „Audi Allroad“ се појави уште во 2015-та година. Сега сепак претставувањето на моделот е поверојатно од било кога, бидејќи конструкцијата нема да бара многу средства – „Audi“ располага со подготвена платформа и мотор, така да е потребно само да ги обедини во едно, тврдат од „Autobild“.

Според информациите „Audi RS6 Allroad“ ќе биде претставен во 2017-та година, а продажбата ќе стартува веднаш потоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП