25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБарем засега британската економија ги избегнува негативните ефекти од Brexit

Барем засега британската економија ги избегнува негативните ефекти од Brexit

198145781757b5b3dd085f4923025629_w640

Британскиот економски раст забрза во вториот квартал, покажува статистиката, но аналитичарите изразуваат загриженост во поглед на долгорочните импликации од Брегзит.

Бруто домашниот производ на Обединетото Кралство порасна за 0,6 проценти, според втората проценка на Националната канцеларија за статистика (ONS) за периодот април-јуни, која го вклучи и ефектот на шок во последната недела од јуни предизвикан од референдумската одлука за излезот на Британија од Европската унија, пренесува агенцијата Франс прес.

Новата проценка не се разликува од прелиминарната. Во првиот квартал, британскиот економски раст изнесувал 0,4 проценти.

ONS наведе дека извештајот го покрива периодот на вториот квартал и дека ги опфаќа и податоците за економското движење во кратко време по референдумот за членството во ЕУ.

„Во овој момент има многу малку анегдотски докази кои би сугерирале дека референдумот имал влијание на БДП во вториот квартал од 2016 година“, се додава во соопштението на ONS.

Најновите податоци за економскиот раст во вториот квартал се во склад со пазарните очекувања.

„Гласањето за Брегзит се случи при крајот на вториот квартал за да би можело да има значително влијание на растот“, изјави економистот во компанијата “IHS Global Insight”, Хавард Арчер.

Тој, сепак, предупреди дека ќе помине „доста време“ пред економијата повторно да порасне по стапка „како оваа од 0,6 проценти“ во однос на претходниот квартал.

„Сметаме дека британскиот глас за излез од ЕУ на референдумот на 23-ти јуни значително ќе врши притисок на активностите на британската економија на подолг период, првенствено поради пролонгирањето на неизвесноста во поглед на перспективите, погодувајќи ги бизнис инвестициите и вработувањето“, изјави Арчер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП