25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов удар во низа за Јапонија, следниот уште потежок

Нов удар во низа за Јапонија, следниот уште потежок

проценти-посто

Јапонската инфлација продолжи со разочарувачките показатели и во јуни, со пат на потрошувачките цени петти месец по ред, покажуваат последните податоци.

Тоа е најновиот удар во низа во битката која официјален Токио ја води против дефлацијата.

Падот на базната инфлација од 0,5 проценти во јули во однос на истиот месец минатата година, е поголем од прогнозата на економистите кои во просек очекуваа минус од 0,4 проценти, известува Ројтерс. Овој пад е исто така поголем во однос на претходниот месец, кога негативниот раст на цените изнесувал 0,4 проценти.

Овие податоци доаѓаат во пресрет на статистиката за потрошувачката на домаќинствата следната недела, за која исто така се очекува да биде разочарувачка, а по извештајот за падот на јапонскиот извоз во јули, најголемиот во седум години.

Минатата недела официјалните податоци покажаа дека јапонската економијата заблежала нулта раст на квартално ниво, изневерувајќи ги очекувањата на економистите кои предвидуваа скромно зголемување на бруто домашниот производ од 0,2 проценти.

Слабите цифри за инфлацијата ќе извршат дополнителен притисок на јапонската централна банка да преземе мерки за вториот круг поттикнувања.

Банката на Јапонија во јули ги изненади пазарите со одлуката да не го зголемува својот 80 илјади милијарди јени (796 милијарди долари) вреден годишен пакет за откуп на обврзници, кој се смета за камен темелник на реформската програма на премиерот Шинзо Абе, популарно наречена Абеномикс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП