29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Шпанија и Португалија - со исто минато, но со...

График на денот: Шпанија и Португалија – со исто минато, но со различна иднина

españa-portugal

Шпанија и Португалија може и да беа во исти потешкотии за време на должничката криза на еврозоната. Кога станува збор за обновувањето сепак, двете земји се движат во различни насоки, коментира „Bloomberg“.

Иако стапката на раст на Шпанија е една од најсилните во 19-члениот регион, а довербата во економските перспективи ги засилува инвестициите. Португалија плаќа висока цена за мачниот напредок по клучните реформи, тврди Холгер Шмидинг, главен економист во „Berenberg Bank“.

españa-portugal1

Оддалечувањето меѓу соседите на Пиринејскиот полуостров започна во 2015-та година, кога Социјалистичката партија во Португалија застана на чело на конзервативната влада, поддржана од крајно левичарските групи. Оттогаш премиерот Антонио Кошта ја зголеми минималната плата, го зголеми бројот на државните празници и ги зголеми платите за државните службеници. Растот се забави, а инвестициите опаднаа.

Рејтинг компанијата „DBRS“ го истрела последниот предупредувачки истрел, па неодамна изјави дека е загрижена за слабата економија и политичката волја за реформи. А тоа е проблем, бидејќи канадската „DBRS“ е единствената од четирите големи рејтинг агенции, која ги става државните обврзници на Португалија во инвестиционото одделение. Ако го изгуби тој статус, државните хартии од вредност на земјата ќе станат прифатливи во најголемата програма со стимулации на Европската централна банка – квантитативно олеснување.

españa-portugal2

Во меѓувреме, во Шпанија економијата се отргнува од политичкиот ќор-сокак кој ја остави земјата без влада во период од осум месеци. Иако сложененото политичко сценарио по двата изборни круга со нерешителен резултати, инвестициите се зголемуваат, а создавањето на работни места се обновува, што помага во одржувањето на стапка на раст од околу 3% – два пати побрза од онаа на еврозоната и три пати побрза од растот во Португалија.

Сепак, голем број предизвици ја очекуваат во иднина и Шпанија. Вршителот на должноста премиер Маријано Рахој, кој ќе се соочи со гласање за доверба на 31-ви август, за да си обезбеди втор мандат, се уште добива недоволна поддршка во парламентот. Ако го изгуби гласањето, земјата може да се насочи кон трети избори, што ќе го одвлече вниманието од примената на исклучително потребните структурни реформи и намалувањето на вишокот дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП