28 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 27-28.08.2016

Викенд хороскоп 27-28.08.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Премногу сте скромни и очекувате другите да го забележат тоа. Викендов е можен краток пат на некое осамено место покрај вода. Тука ќе можете на мира да собирате енергија и да уживате во опкружувањето. Доколку сте осамени, една личност нема доволно храброст да ви се јави. Од вас зависи во кој правец ќе тргнат работите.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Преморени сте од случувањата во изминатата недела и имате потреба од одмор. Во моментов повеќе ви одговара некое место покрај вода каде ќе можете да се опуштите и да се дружите. Доколку сте слободни, можно е да сретнете личност која ќе вложи голем напор да ја забележите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Обземени сте со работата и никако не наоѓате време за одмор. Доколку имате сопствен бизнис, можно е викендов да го поминете во некои договори околу проширување на работата. Бидете внимателни и не преземајте избрзани акции.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Енергијата се уште ви е намалена и ве измачуваат некои работи во врска со семејството кои постојано ви се вртат низ мислите. Но, сето тоа веќе ви е познато и како да губи на интензитет. Емоциите со кои се измачувавте полека се губат и повторно се враќате меѓу пријателите во полн сјај.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Чувствата ви се помешани. Од една страна горди сте на себе и имате потреба да се покажете, од друга страна сакате малку да бидете осамени и да завршите некои работи во врска со домот. Работата околу домот ве исцрпува и вас и вашите финансии и викендов ќе морате да се тргнете од светот за да соберете енергија за завршните работи.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Финансиите ви се добри и можете да си дозволите барем краток викенд. Но, партнерот како да ве кочи и не ви дозволува да ги искористите сите можности што ви се нудат. Можно е викендов да отидете на краток пат, но ќе имате чувство како да стоите во место и ништо не се случува околу вас.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Работата која ја преземавте и сакате да ја завршите за време на викендот, до сега стоеше во место, а сега тргнува наназад. Најдобро е да оставите се и да отидете некаде на викенд. Ве очекува вистинско семејно дружење и можност да ги наполните батериите на начин кој највеќе ви одговара. Добрата храна нема да изостане, а тоа ви е во моментов најважно.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Финансиите ве измачуваат и не ви дозволуваат да го поминете викендот на оној начин на кој сакате. Меѓутоа може да се случи, пријателите да ви направат изненадување кое ќе го паметите. Не се однесувајте заспано и дозволете им да ве расположат. Работите што ве измачуваа ќе се средат.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Првиот ден од викендот можен е помал финансиски прилив кој малку ќе ве израдува и ќе ве натера да почнете да планирате краток пат надвор од градот. Доколку сте осамени, време е да се разбудите од сонот што го сонувате долго време. Личноста во која сте вљубени воопшто не ве забележува и време е да се повлечете.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Се чувствувате како победник и имате голема причина за тоа. Полни сте со енергија и подготвени за нови предизвици. Сето она што го направивте во изминатиот период ве прави горди и ви дава сила да издржите. После подолго време се согласувате со мислењето на партнерот и ставовите полека ви се усогласуваат.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Се чувствувате исцрпено и имате осет дека семејството ви ја краде целата енергија со своите барања кон вас. Имате потреба да се одморите, но секогаш се наоѓа нешто што ве спречува во тоа. Оваа состојба му пречи на партнерот и тој полека се оддалечува од вас.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Исцрпениот семеен буџет не ви дозволува да трошите и сите ваши хедонистички планови како да се запрени од некоја невидлива сила. Доколку сте во брак или во стабилна врска, деновиве е најдобро да молчите и да не се расправате со партнерот околу некои семејни работи. Секој ваш збор може да биде протолкуван погрешно и да го поминете викендот во напната атмосфера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП