20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКнигата „Светлината на Света Гора“ на Иван Џепароски добитник на „Браќа Миладиновци“...

Книгата „Светлината на Света Гора“ на Иван Џепароски добитник на „Браќа Миладиновци“ на СВП

svp333

Книгата „Светлината на Света Гора“ од Иван Џепароски е годинашен добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик напишана меѓу две фестивалски изданиа на Струшките вечери на поезијата.

Жири-комисијата составена од Вера Чејковска – претседател и членовите Весна Мојсова-Чепишевска, Санде Стојчевски и Братислав Ташковски денеска на прес конференција го соопштија добитникот.

Добитникот Иван Џепароски изрази благодарност за наградата и рече дека „Задоволството е поголемо што во жири комисијата се тројца поранешни добитници на наградата „Браќа Миладиновци“, а двајца се и добитници на наградта „Димитар Митрев“ за книжевна критика за есеистика, што уште повеќе говори дека човек не би посакал подобра и помомпетента комисија за да донесе едно такво решение. Книгата е инспирирана од мојот претстој на Света Гора и посетата на сите 20 манастири таму.“

Тој вети дека целиот паричен износ од наградата ќе го донира подеднакво за настраданите од поплавите во Скопје и во Фондот за изградба на конаците во Бигорскиот манастир.

Директорот на СВП Мите Стефоски истакна дека со напуштањето на еден член од Комисијата јавноста дозна дека се работи за серизона институција која работењето на жирито го има регулирано со Правилник.

„Јавноста дозна дека сме сериозна институција, бидејќи сме го регулирале работењето на жири-комисијата и однесувањето не само во делот на раководството, туку и на наградaта. Тоа е со цел да обезбедиме една значајна книжевна награда да биде достојно афирмирана и во светски рамки со тоа што ќе обезбедиме превод на друг странски јазик, добитникот да биде претставуван и понатаму, изјави Стефоски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП