25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканскиот БДП порасна со 1,1 процент во вториот квартал

Американскиот БДП порасна со 1,1 процент во вториот квартал

us economy 33

Американската економија постигна помал раст од очекуваниот во вториот квартал од годината, открија податоците од најновиот извештај на Министерството за трговија на САД.

Според објавените податоци бруто домашниот производ (БДП) на земјата е зголемен за 1,1 проценти на годишно ниво во вториот квартал, што е помалку од првичната проценка за раст од 1,2 отсто. Растот за првото полугодие е 1 процент.

Податоците открија уште дека корисничкото трошење се зголемило со 4.4 проценти во трите месеци од мај до јуни – позитивна корекција во однос на првичната проценка за раст од 4,2%.

Зголемувањето на платите исто така има забележано раст нагоре, што сугерира дека корисничкото трошење ќе продолжи да се зголемува. Тоа им дава основа на економистите да прогнозираат засилен раст на економијата во третиот квартал на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП