24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнри помошен тренер во белгиската репрезентација

Анри помошен тренер во белгиската репрезентација

anri

Легендарниот француски фудбалер Тиери Анри ќе му биде помошник на селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Роберто Мартинез. Покрај Анри, во работата на Мартинез ќе му помага и Грем Џонс кој со овој стручњак работел во Свонси, Виган и Евертон.

„Многу сум среќен што ќе бидам дел од многу силниот стручен штаб на Белгија“, напишал Анри на својот профил на Твитер.

Најдобриот стрелец во историјата на Арсенал се обиде да ја започне тренерската кариера во помладите категории на лондонскиот тим, но реши да си замине по расправијата со менаџерот на првиот тим Арсен Венгер.

Новиот стручен штаб на Белгија ќе дебитира на 1.септември кога оваа репрезентација ќе одигра пријателски натпревар со Шпанија.

Мартинез неодамна беше назначен за селекторот на Белгија, откако Марк Вилмотс доби отказ по поразот од Велс (1-3) во четвртфиналето на ЕУРО 2016.

Белгија во квалификациите за пласман на светското првенство во Русија ќе игра против Босна и Херцеговина, Грција, Естонија, Кипар и Гибралтар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП