20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТатковинска прослава по повод канонизациjата на Мајка Тереза

Татковинска прослава по повод канонизациjата на Мајка Тереза

majka tereza eee

По повод прогласувањето на скопјанката Мајка Тереза за светица, од 4 до 11 септември во Скопје ќе се одржи Татковинската прослава „Денови на св. Мајка Тереза“.

Програмата за ова одбележување беше претставена на прес-конференцијата што што се одржа токму на родениот ден на Мајка Тереза, во просториите на Град Скопје, а на која се обратија градоначалникот Коце Трајановски, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска и бискупот скопски и апостолски егзарх, Киро Стојанов.

„Прогласувањето на Мајка Тереза за светица за нас е голема чест, затоа што како што е познато, таа беше родена во нашиот град. Почестени сме што можеме да го чествуваме нејзиното дело и да ја следиме и шириме нејзината хуманост. Градот Скопје е значаен сегмент на седумдневната манифестација „Денови на св. Мајка Тереза“. Особено ќе се вклучиме во обезбедувањето услови за одржување на централниот настан на 11 септември, кога ќе се одржи света миса за именување на светилиште на св. Мајка Тереза. За таа цел, Советот на Град Скопје донесе измена на програмата за култура на седницата одржана на 24 август годинава, со што се обезбедени милион денари за одбележување на  овој значаен настан за историјата на Скопје, односно ќе се погрижиме за поставување централна бина и за сите други неопходни инфраструктурни елементи за централниот настан“, рече градоначалникот Коце Трајановски.

Скопскиот бискуп, Киро Стојанов, објасни дека Скопје и средината од која потекнува Мајка Тереза биле клучни за нејзиниот развој во голема хуманистка.

„Уште на 18-годишна возраст Мајка Тереза презема сериозен чекор и се одлучува за мисионерска дејност во Индија, меѓу најсиромашните, меѓу најзагрозените, започнувајќи ја својата хумана мисија што е пример за сите нас. Ако сакаме со два збора да го сумираме посветениот живот на Мајка Тереза ќе речеме – Бог и љубов“,  нагласи Стојанов.

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска, денеска појасни дека програма за Татковинската прослава „Денови на св. Мајка Тереза“ ќе се одвива во тек на 7 дена и ќе опфати многубројни активности.

„Мајка Тереза ги обедини љубовта и хуманоста. Нашата сограѓанка, скопјанката Мајка Тереза токму од Скопје тргна кон Индија и ја почна својата хумана мисија. Скопје со гордост го чествува нејзиното дело. Спомен куќата на Мајка Тереза во центарот на градот стана многу важен културен сегмент, со најголем број посетители. Папата Франциск на 4 септември во Рим ќе ја прогласи Мајка Тереза за светица, а веднаш потоа во капелата во нејзината Спомен куќа во Скопје ќе се одржи свечена св. Евхаристија во чест на новата светица. Истиот ден, во 19:30 часот во црквата „Св. Станислав“ во Рим ќе се одржи изложба во организација на Спомен куќата на Мајка Тереза. Седумдневното чествување по повод канонизацијата на Мајка Тереза ќе заврши на 11 септември со централен настан на плоштадот „Македонија““ рече Божиновска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП