16 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСамо две состојки: Маска за чистење на митесерите

Само две состојки: Маска за чистење на митесерите

81438958557bda0f0a5766359208761_v4 big

Ако некогаш сте се обиделе да ги извадите митесерите и тоа не ви успеало и притоа сте ја уништиле кожата, не грижете се – направете ја оваа природна маска за лице од само две состојки и ќе го решите проблемот веднаш.

Состојки:

– 1-2 лажици млеко

– 1 лажица желатин во прав

Постапка

1. Во сад ставете го желатинот во прав

2. Додадете го загреаното млеко, промешајте, а ако смесата е премногу густа додадете уште малку млеко.

3. Кога ќе добиете густа леплива смеса, што побрзо нанесете ја на лицето во средно дебел слој, но не блиску до очите.

4. Почекајте маската да се исуши целосно, односно да започне да ја затега кожата.

5. Маската фатете ја од долниот раб кај брадата и повлечете ја цела се додека целосно не ја одлепите од лицето.

6. Внимателно отстранете ја од целото лице, измијте се и нанесете хидратантна крема.

Совет плус: маската може да ја нанесувате само на деловите каде што митесерите се присутни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП