20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТестирајте ја вашата издржливост

Тестирајте ја вашата издржливост

STRENGTH

Дознајте дали имате доволно борбеност и издржливост за успех.

Тимот на „Бизнис Инсајдер“, после предавањето на психологот Ангела Ли Дакворт, која одржа предавање на „TED“ платформа, одлучил да ги собере на едно место сите прашања кои ќе ви помогнат да откриете дали имате доволно борбеност и издржливост за успех .

Таа тврди дека најважно е да се биде истраен – да се има желба и волја да се продолжи понатаму, но да се биде и упорен, дури и кога околностите не ви одат во прилог.

Проверете со помош на овие прашања, дали ќе потклекнете во некоја од наведените ситуации.

1. Дали можете да најдете мотивација за да продолжите да се пријавувате на конкурси за работа и покрај тоа што после 10 испратени молби не сте добиле никаков одговор?

2. Дали имате трпение, наместо да копирате при пишувањето на молба за одредена работа, да го адаптирате текстот за работното место на кое се пријавувате?

3. Дали се информирате за компанијата каде што аплицирате за работа, за да знаете да одговорите на нивните прашања, или за да знаете да им поставите прашање поврзано со нивната компанија?

4. Може ли да соберете сили после долгиот работен ден, за евентуално дружење со колегите, за кое знаете дека може да ви помогне?

5. Можете ли, кога ќе ве заобиколат во промоцијата или унапредувањето, да продолжите да се трудите на работа?

6. Дали некогаш, познавајќи ги своите слабости, сте се обиделе доброволно да научите, односно сте се обиделе да го подобрите она што не ви оди од рака?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП