24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Големите“ ја победија УЕФА, 16 тимови директно одат во ЛШ

„Големите“ ја победија УЕФА, 16 тимови директно одат во ЛШ

golemite 333

Европската фудбалска унија (УЕФА) попушти под притисокот на финансиски моќните клубови и најави дека од сезоната 2018/2019 година значително ќе биде сменет системот на натпревари во Лигата на шампионите. Новиот систем максимално ќе ги фаворизира богатите клубови, а уште повеќе ќе им го отежни патот кон елитата на тимовите кои доаѓаат пред се од источниот дел на Европа.

Од сезоната 2018/2019 година првите четири екипи од четирите најсилни национални првенстава во Европа (Англија, Шпанија, Германија, Италија) ќе имаат загарантирано место во фазата по групи, што досега не беше случај, односно три тима имаа загарантирано место во фазата по групи, а една екипа играше плејоф.

Ова значи дека четири земји ќе дадат 16 учесници во ЛШ, односно половина од учесниците ќе доаѓаат од Премиерлигата, Примера, Бундеслигата и Серија А.

Државите кои на листата ќе бидат на петтото и шестото место ќе имаат по два тима, а од седмото до деветтото место по еден преставник. Исто така, освојувачот на Лига Европа ќе има загарнтирано место во фазата по групи во ЛШ.

Ново е тоа што УЕФА во пресметувањето на учинокот на клубовите, поточно на резултатите кои ги оставруваат во европските купови ќе бидат пресметувани и историските резултати на клубовите, односно бројот на освоени титули во европските купови.

Кога станува збор за квалификациите тука нема да има промени во натпреварувањето, ќе останат како и досега „патот на шампионите“ и „останатите“. Во фазата по групи ќе се натпреваруваат 32 тима кои ќе бидат поделени во осум групи, а најдобрите два од секоја група ќе играат во нокаут рундата.

Според УЕФА истиот формат ќе го задржи и Лига Европа.

Оваа одлука на УЕФА доаѓат по притисокот на големите клубови кои наводно планирале да основаат свое натпреварување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП