29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвтиното гориво и туризмот го напумпаа профитот на Air New Zealand

Евтиното гориво и туризмот го напумпаа профитот на Air New Zealand

180289732657a9c2719f95a905731171_w640

Националниот авиопревозник на Нов Зеланд забележа рекорден профит благодарение на туризмот и ниските трошоци за гориво.

Превозникот, сепак, предупреди дека очекува поголема конкуренција од меѓународните превозници.

Авиокомпанијата „Air New Zealand“ соопшти дека нејзиниот профит по плаќањето на даноци за минатата година заклучно со јуни бил 339 милиони долари, што е зголемување од 42 проценти во однос на претходната година. Приходот е зголемен за 6,2 проценти.

Рекордни 3,3 милиони лица го посетиле Нов Зеланд оваа година до крајот на јули, што е за 11 поценти повеќе во однос на претходната година.

Извршниот директор на оваа авиокомпанија изјави дека конкуренцијата се зголемува бидејќи туризмот во државата на јужниот дел од Тихи океан и понатака е солиден, додека ниските трошоци за гориво го прават Нов Зеланд пожелна дестинација за конкурентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП