23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка АД-Скопје со рекордна добивка за првото полугодие

Стопанска банка АД-Скопје со рекордна добивка за првото полугодие

st

Стопанска банка АД – Скопје продолжува да ја остварува поставената долгорочна стратегија на подобрување на перформансите во секој аспект од работењето за што сведочат објавените неревидирани финансиски извештаи. Во периодот од 1.1.2016 година до 30.6.2016 година Банката работеше согласно усвоената Деловна политика за 2016 година, прилагодувајќи го тековното работење на економските и пазарните услови во земјата.

Па така, за првите 6 месеци од 2016 година Банката оствари добивка од 1,2 милиjарди денари што е 10% повеќе во споредба со истиот период минатата 2015 година. Континуираната профитабилност е резултат на прилагодувањето на бизнис моделот кој се фокусира на балансиран раст, рационализација на трошоците за финансирање, ефективното рационализирање на трошоците и управување со ризиците, што посебно влијаеше и на оперативната добивка, но, и на одржување на нивото на нефункционални кредити под просекот на банкарскиот сектор, што дополнително придонесе за намалување на трошоците за резервации.

Како Банка со најдолга традиција на пазарот, Стопанска банка АД – Скопје продолжува да ја негува врската со своите клиенти, со вработените, со заедницата и акционерите, што е дополнителна причина да очекуваме годината да биде една од најуспешните досега.

Во првите шест месеци Банката оствари нето приходи од камата кои се повисоки за 5,9% споредено со истиот период од минатата година.,

Нето приходите од провизии и надомести се пониски за 2,4% од причина што расходите за провизии се повисоки за 14.7%, главно поради зголемен обем на работа кај картичното работење (зголемување на број и вредност на трансакции и зголемена цена на провизија за меѓубанкарско порамнување) и зголемени трошоци за работа со готовина.

Нето приходите од курсни разлики се повисоки за 51,4%, додека останатите приходи од дејноста пораснаа за 26,6%.

Во првото полугодие од 2016 година беа издвоени исправки на вредноста на финансиските средства, на нето основа во износ од 265.584 илјади МКД, повисока за 5,4% споредено со истиот период од претходната година, што соодветствува на структурата и на квалитетот на пласманите на Банката.

Стопанска банка АД – Скопје продолжува да биде лидер во банкарскиот сектор, остварувајќи највисок профит, а во исто време обезбедувајќи силна капитална и ликвидносна позиција. Банката постојано развива нови иновативни производи, процеси и услуги и им излегува во пресрет на своите клиенти со најмодерните и најефикасни модели за извршување на банкарските активности.

Банката, во паралела со остварување на резултатите од работењето, како одговорен корпоративен ентитет останува посветена на заедницата во која делува постојано нудејќи ги своите советодавни услуги и поддршка со цел унапредување на окружувањето и напредок во општеството во сите сфери.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП