20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтартуваше производството на новата Zafira

Стартуваше производството на новата Zafira

zafira proizvodstvo

Првиот примерок од новата „Opel Zafira“ слезе од производствената линија на фабриката во Розелхајм, соопштуваат од германската автомобилска марка.

Автомобилот е во црвена боја „Мagma red“ и располага со дополнителен пакет на опрема – „OPC line“, адаптивна технологија „AFL“ (Adaptive Forward Lighting) на предните целосно „LED“ светла и адаптивен круз контрол кој користи радар сензор.

Во случајот со „Zafira“ не станува збор за нова генерација, туку за модернизација, која се прави во средината на животниот циклус на моделот. Ажурирањето сепак е големо и влијае речиси на секој детал од функцијата на автомобилот – од дизајнот и технологијата во кабината, до шасијата и палетата на мотори.

Почетокот на производството на моделот, беше почестен од главниот извршен директор на „Opel“ д-р Карл-Томас Нојман и потпретседателот на производството Фил Кинле, кој објави и официјален почеток на офанзивата на марката, која предвидува претставување на дури 29 нови модели во периодот од 2016-та до 2020-та година .

Во моментов информациите за идните возила е ограничена, но меѓу нив ќе има кросовер, спортски автомобили и еколошки модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП